Изгубил контрола и се забил во бандера: Пожарникари го вадеа телото на загинатиот Стефан

 

Стефан Стефиќ, 23 годишно момче од Србија загина, додека неговите двајца другари Никола Мачек кој е познат по шоуто Парови и Стефан Недељковиќ, се тешко повредени во страшна сообраќајна несреќа.

Несреќата се случила во неделата во 23 часот и 45 минути кога Стефан кој управувал со автомобил Цитроен, летал на патот со голема брзина, загубил контрола и удрил во бетонска бандера. Автомобилот целосно бил смачкан, со оглед на тоа дека се движел со 130 километри на час. Момчето од возилото го ваделе пожарникари.

Очевидците велат дека несреќата била ужасна, момчињата лелекале од болка од автомобилот. Бандерата била откорната, а се ширел и чад.

Најверојатно момчињата пиеле во некое кафуле пред несреќата.

 

 

 
 
21.06.2016 - 09:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега