Фејсбук ќе ви ги избрише фотографиите ако не го направите ова
Фејсбук апликацијата уште од 2012 година има можност автоматски да ги сочува фотките од телефонот директно во приватниот албум на оваа друштвена мрежа. Доколку сте ја користеле оваа опција, би требало да знаете дека сите слики ќе бидат избришани ако не ја инсталирате одвоено апликацијата под името „Moments“.
Опцијата автоматско синхронизирање на фотките е отстранета од последната верзија на Фејсбук апликациите и е префрлена во „Moments“.
Фејсбук повторно на агресивен начин ги тера корисниците да ја инсталираат одвоено апликацијата за да продолжат со користење на одредена опција, а слична беше и ситуацијата кога “чатот” на мобилните телефони се префрли на Фејсбук месенџерот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа