Водата во Гевгелија е исправна

Последната анализа врз примерок од вода од регионалниот водовод во Гевгелија, која беше направена во Србија од лиценцираниот Институт „Мол“ во Стара Пазова, потврди дека гевгеличани пијат исправна, нетоксична вода, информираа денеска од Јавното претпријатие „Комуналец“.

Според резултатите од анализата во гевгелиската вода утврдено е присуство на 16,6 микрограми петовалентен неоргански арсен кој не е отровен и штетен за луѓето и само 0,5 микрограм тривалентен органски арсен, што значи дека отровен арсен во водата речиси нема, пишува  во извештајот од последната направена анализа на примерок земен од гевгеликиот водовод.

Покрај ова, во заклучокот од извештајот се вели дека присуство на органски арсен нема и дека анализираната вода за пиење во поглед на содржината и дистрибуцијата на арсенови соединенија е под многу низок ризик.

Од кабинетот на гевгелискиот градоначачник Иван Франгов потврдија дека и последната анализа што била направена во Институтот за јавно здравје во Скопје покажала дека водата за пиење во Гевгелија е исправна, наспроти тоа што го тврди граѓанското здружение „Арсена“.

 
 
27.05.2016 - 14:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега