Денеска го славиме светецот кој ја проповедаше верата на Христа и покрај тоа што му бил отсечен јазикот

Денеска е Св. маченик Исидор.

Овој Исидор потекнуваше од островот Хиос и уште од мал се држеше до Христовата вера. Кога стана маж го зедоа сосила во војската. Но, таму набргу дознаа дека е христијанин, па војводата го повика кај себе и го советуваше да се откаже од Христа и да им принесе жртва на идо¬лите. Кога овој тврдо ја исповеда својата вера во Христа, војводата го ста¬ви на маки, а потоа му го исече јазикот. Но, свети Исидор во срцето постојано го славеше Бога. Најпосле го изведоа да го погубат и џелатот го обезглави. Свети Исидор пострада во 251 година. Неговиот другар Амониј го зема неговото тело и го погреба, поради што и самиот беше убиен.

 
 
27.05.2016 - 09:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега