ВИДЕО: Каскадери спасија жена која се обиде да се самоубие скокајќи од 14 спрат

Грег Сарџент, Скот Шектер и Ејмос Карвер минатата недела на скеле на една зграда вежбале сцена која требало да ја изведат по повод премиерата на филмот „Кик ес 2“, но забележале жена која се обидела да скокне од 14 кат.

Тие веднаш втрчале во зградата, му кажале на работникот од обезбедувањето за што станува збор, и тој веднаш ги одвел во станот, каде за среќа успеале да ја спасат жената која се обидела да се самоубие.

- „Тоа го работиме секој ден како каскадери. Само реагиравме брзо. Кога пристигна полицијата, ние си заминавме. Најважно е што сите се добри“, кажал Сарџент.

Браво за момците!

најчитано сега