Меѓународен ден на музеите: Утре слободен влез за посетителите на Музејот на Македонија

Музејот на Македонија ќе ги отвори своите постојани поставки за посетителите без наплатување на билети на 18 Мај, Меѓународниот ден на музеите.

muzej-na-makedonija

На 18 мај, Музејот на Македонија ќе ги отвори своите постојани поставки за посетителите без наплатување на билети. Покрај тоа, на секој посетител во текот на овој ден ќе му биде подарена по една публикација во издание на Музејот, кој ќе биде отворен од 9 до 17 часот.

По истиот повод, Музејот на Македонија ќе реализира и активности во рамките на манифестацијата „Европска ноќ на музеите“. На 21 мај (сабота) 2016 година, во 20.30 часот, ќе биде отворена изложбата „Сакралните објекти и руралната архитектура на Велешкиот регион“.

Изложбата се поставува како гостување од Народен музеј, Велес. На триесет и седум постери презентирано е богатото архитектонско наследство на општините Велес, Чашка и Градско.

Со поставувањето на изложбата, Музејот на Македонија се приклучува на илјадниците музеи во Европа, кои ќе ги отворат своите поставки за посетителите во ноќните часови по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на музеите – 18 мај.

 
 
17.05.2016 - 19:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега