Промовирани три книги на млади автори на манифестацијата „Илинден 2016“

Во рамки на 17. литературна манифестација „Илинден 2016“, во Домот на културата во општина Илинден, беа промовирани книги на тројца млади автори.

Како што соопшти Општината, станува збор за првите издадени дела на три ученички од ООУ „Гоце Делчев“.

Во присуство на голем број ученици, наставници, роднини и пријатели, меѓу кои и градоначалниот Жика Стојановски, беа промовирани романите „Ценетата Ивана“ на Сара Ѓорѓиевска  и „Животот е роман“ на Стефанија Мирковска, како и стихозбирката „Поглед кон далечината“ на Елеонора Петковска.

За делата на тројцата млади автори на промоцијата говореше писателот Антонио Павловски, кој посебно се осврна на значењето, успехот и достигнувањата на овие млади луѓе на полето на литературата. 

 
 
17.05.2016 - 16:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега