Албанскиот фактор ги потврди тезите за тоа кон што води дестабилизацијата наметната од Заев

Она што дел од медиумите и политчките аналитчари го пишува и говореа изминатиов период дека крајната цел на на оваа вештачко креирана криза наметната од опозицискиот лидер Зоран Заев е редефинирање на Македонија, денеска стигна и официјална потврда од страна на албанскиот политички фактор во земјава, пишува Курир.

Претседателот на ДПА Мендух Тачи по средбата со германскиот специјален претставник на Македонија, Јоханес Хајндл во германската амбасада во Скопје изјави дека договорот од Пржино е мртов и време е за нов договор. Тачи отворено кажа дека договараат редефинирање и нивната основна цел е дводомно Сoбрание.

-Ние осум дена и осум ноќи разговараме и сега јас ли треба да ви кажам што ние бараме. Тоа е целосно нефер однесување кон процесот на преговори. Еве, ако сакате, ќе ви кажам дека ние бараме дводомен парламент и Албанците да имаат право на вето на секоја одлука. Ова е нашиот предлог, ако сакаме да се правиме добри како господинот Али Ахмети,  изјави Тачи.

Покрај изјавата на Тачи, интересна за јaвноста е и изјавата на лидерот на ДУИ Али Ахмети, кој рече дека по враќањето на Собранието ќе биле отворени “дополнителни прашања“. Она што остави впечаток во изјавата на Ахмети за домашните медиуми е дека откако ќе се свика Собранието повторно, тоа воедно би значело и отворање на многу други дополнителни прашања за кои ќе треба да се разговара.

– Го информиравме Хајндл дека ние ги преземаме сите мерки, во согласност со консултациите со правните експерти од земјата и од странство како Собранието повторно да се стави во функција. Кога ќе проработи Собранието, ќе се отворат многу други прашања – изјави Ахмети.

Ваквите изјави на албанскиот политчки фактор се директна потврда на тезите за тоа што кон води дестабилизацијата наметната од првиот човек на СДСМ Зоран Заев, за што изминатиов период говореа голем дел од политичките аналитичари.

Покрај ова, изминатиов период од страна на најголемата македонска опозициска партија СДСМ отворено беше потврдена тезата за Албанец премиер.

-Америка избра Претседател афро-американец, Лондон градоначалник пакистанец- муслиман, а ВМРовциве кукаат, пиштаат, вриштат да не случајно идниот Премиер биде Албанец. МРШ ТАМУ!, најави фунционерот на СДСМ кој најавуваше крв по улиците. Инаку, тезата за Албанец премиер не е нешто ново кога опозицијата е во прашање, напиша на својот ФБ профил Едмонд Адеми, член на Извршниот и Централниот одбор на СДСМ.

Неодамна, Љубомир Фрчкоски, поранешен кандидат за претседател на Република Македонија од СДСМ и еден од неформалните советници на Зоран Заев, во едно интервју во јавноста уште еднаш ја актуелизираше неговата идеја за ротирачки премиер при што по правило на неколку години треба да се избира Албанец премиер.

– Kонцептот да се составува влада од една поголема коалиција и да има ротирачки премиер. Што значи ротирачки премиер? Тоа значи  Албанец  би дошол на премиерското место циклусно за две години, истакна Фрчкоски.

Во месец мај минатата година јавноста беше фрапирана од настапот на Заев за косовска телефизија каде изнесе барања за воведување на двојазичност и рекомпонирање на рамковниот договор. Тој изнесе ставови кои ја наметнуваат потребата за федерализација на Македонија и откажување од идентитетските прашања.

Заев во интервјуто говореше за некакво продлабочување на Охридскиот рамковен договор, а имајќи во предвид дека Охридскиот договор е исполнет во најголема мера, експертите сметаат дека се подразбира дека ова е всушност понуда за федерализација, затоа што повеќе од Охридскиот договор е само федерализација каде по етничка основа би се протежирало бинационална држава.

–Јас се плашам затоа што многу граѓани се уште зборуваат за Охридскиот Рамковен договор, ние мора да зборуваме за нашите заеднички проблеми, да одиме понатаму од Охридскиот договор, затоа што сега е време и сме подготвени да бидеме еднакви и да зборуваме за заеднички цели, затоа што тоа ќе се исполни како политичко барање на албанската заедница, рече Заев.

Претседателот на Беса, Биљал Касами во интервју за телевизија Алсат пред неколку дена признава дека со Зоран Заев водел разговори и за редефинирање на Македонија.

 
 
13.05.2016 - 14:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега