Во Србија годишно умираат по 400 бебиња
Секоја година во светот умираат по три милиони бебиња, а висока стапка на смртност на младите деца, за жал ја има и во Србија. Од Заводот за статистика велат дека на годишно ниво во нашата земја умираат околу 430 деца од по две години. Податоците за минатата година уште не се достапни, но се знае дека во 2011 година, во Србија умре 433 деца помлади од две години, меѓу кои дури 414 доенчиња.
Најмногу бебиња во Србија умреле на самото пораѓање, најчесто поради малата тежина или поради пореметување на дишните канали и гушење.
Друга најчеста причина за смрт се деформации и хормонски ненормалности, а најчесто се работи за закржлавеност или неправилна работа на плуќата и левото срце.
Уште една од четирите причини за смрт се заразните и паразитни болести, како и болести на нервниот систем. Иако не тако често се случува да децата помлади од година дена умираат и од туморот, како и од болестите од органите за варење.