Плоштади, ресторан, терени - никнува Рајскиот парк во Аеродром
АД „Електрани на Македонија“ (ЕЛЕМ) ќе го гради Рајскиот парк во Аеродром.
Веќе е распишан јавен оглас со кој ЕЛЕМ бара изведувач на градежните работи, а проценетата вредност за изградбата на овој парк наведена во огласот е 900 милиони денари, односно 14,5 милиони евра без ДДВ.
-Паркот ќе се гради во делот од Kуќата на фудбалот на ФФМ до самиот влез во населбата Горно Лисиче, покрај Вардар. Kако што информираат од ЕЛЕМ, реализацијата на проектот им е доделен ним со заклучок на Владата на Република Македонија.
Плоштади, национален ресторан, спортски терени
Според јавниот повик, главен критериум за избор на изведувачот е најниската цена. Заинтересираните своите понуди треба да ги достават најдоцна до 23 јуни во 12 часот кога ќе се спроведе нивното јавно отворање во дирекцијата на ЕЛЕМ.
– Предвидени се плоштади, паркинг за посетителите, паркинг и патеки за велосипеди, објект за надзор и обезбедување на паркот, национален ресторан, бродска куќа, мултифункционален простор, места со фонтани и чешми. Исто така, предвидени се живеалиште за примати, односно внатрешен и надворешен хабитат, ветеринарна станица со магацини и паркинг за возила за изнајмување, магацини за храна за животни, кафетерии, повеќе детски катчиња, спортски терени за кошарка, повеќе летниковци, водени павилјони, воденица и саат-чешма – велат од ЕЛЕМ.
Повеќе информации за овој прекрасен проект прочитајте на ДНЕВНИК
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа