Позитивното мислење за Груевски расте, додека за Заев се намалува

За лидерот на ВМРО-ДПМНЕ дури 31% повеќе граѓани имаат позитивно мислење, во споредба со позитивното мислење за лидерот на СДСМ. Според резултатите од последната телефонска анкета на Институтот Павел Шатев, 53,7% од граѓаните имаат позитивно мислење, додека пак за Зоран Заев позитивно мислење имаат само 22,6%.

gruevski-zaev

Споредено со претходна анкета која Институт Павел Шатев ја правеше врз ист репрезентативен примерок од 1 070 испитаници во периодот 20-22 април, негативното мислење спрема Зоран Заев се зголемило за 11.3% во овој кус период, и претходно изнесувало 46.8%.

zoran-zaev

Исто така споредено со претходна анкета која Институт Павел Шатев ја правеше врз ист репрезентативен примерок од 1 070 испитаници во периодот 20-22 април, позитивното мислење за Никола Груевски се зголемило за 2.8% од претходниот процент од 50.9.

gruevski

 
 
10.05.2016 - 18:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега