Славески: Можеме да бидеме сигурни дека денарот е стабилен

Универзитетскиот професор Трајко Славески во отвореното студио на ТВ Нова истакна дека се зголемува интересеот на штедење на домашната валута и можеме да бидеме комотни дека денарот е стабилен.

slaveski-nova

„Сите анализи од домашните институции, како и монетарниот фонд укажуваат дека реалниот девизен курс на РМ е врамнотежен, односно не отстапува од неговата врзаност за еврото. Далеку сме од некои нарушувања, дали од политичка , безбедносна природа, барем во овој период може да бидеме комотни дека денарот е стабилен, а мерките на Централна банка се само мал дел од нивниот арсенал. При услови на продлабочување на кризата централната банка располага со доволно инструменти за да ја задржи контролата, истакна тој.

 
 
05.05.2016 - 22:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега