Лоши вести за возачите: Од вторник ќе возиме поскапи горива

Цените на нафтата се зголемија и во петокот, означувајќи ја третата последователна недела на раст додека загриженоста за глобалната презаситеност бледнее, зајакнувајќи ги ставовите на инвеститорите.

На лондонската берза цените на европскиот репер „Брент“ за испорака во мај се зголемија во петокот со 1,35% до 45,13 долари за барел. Неделното зголемување на цената изнесува 4,71%. Цената на Брентот е со 45% над вредноста од 11 февруари, кога за кратко падна под 30 долари за барел.

На њујоршката берза „New York Mercantile Exchange“ (Nymex) американската лесна сурова нафта „WTI“ за испорака во мај поскапе со 1,27% во петокот и ја испрати неделата на ниво од 43,73 долари за барел. Неделниот раст е од цели 10,68 отсто.

Во Македонија цените се формираат врз основа на средната цена на берзата во Лондон. Пред една недела, кога Регулаторната комисија за енергетика ги објави новите цени, средната просечна цена на суровата нафта изнесуваше 39,9 долари за еден барел.

Во моментов цената е за нешто над 5 долари повисока од просечната но бидејќи станува збор за цени за испорака во мај, при следната корекција на цените, идниот понеделник, извесно е дека ќе возиме поскап бензин и дизел, но очекувањата се дека цените ќе отидат во нагорна линија помеѓу еден и два денари за литар.

 

 

 
 
25.04.2016 - 11:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега