ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ се експерти за корупција, во нивно време бевме на 106 место, денес сме на 66-то
СДСМ како партија експерт за корупција треба да ги потсети граѓаните дека Македонија во време на нивното владеење беше на 106-тото место на листата на Транспаренси интернешенал за Индекс на корупцијата, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Денес Македонија се наоѓа на 66-тото место на истата листа. Толку од волјата на СДСМ да се бори со корупцијата и кредибилитетот да зборува на оваа тема, се додава во реакцијата.
Во продолжение го пренесуваме текстот интегрално:
Единствено што СДСМ го знае за корупцијата е како да измислува нови методи за лично богатење на партиските функционери.
Најновиот коруптивен метод на СДСМ го промовираше аболицираниот криминалец Зоран Заев и се вика „Едно евро за Вицето“.
Аболицираниот криминалец Зоран Заев наместо од позиција на крадец да повикува на фаќање на крадците, треба да ги врати 8-те милиони евра кои ги украде во случајот „Глобал“, да се соочи со правдата и заслужената казна за овој грабеж, па истото да го стори за сите други случаи во кои се сомничи за корупцијата, која стана потпис на неговото работење.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа