Николовски: Кризата ќе заврши бидејќи е создадена вештачки

Одложувањето на изборите не реши ништо, опозицијата за овој период продолжи со создавањето на криза и не даде поинаков одговор, вели за ТВ Нова пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски.

-Примерите најдобро ја кажуваат вистината, на барање на опозицијата веќе ги одложивме изборите од 24 април за 5 Јуни, а таа продолжи во тој период со создавање на криза. Сведочиме за нивните вештачки барања, како што беа оние за Избирачкиот список. Сето тоа го реши Државната изборна комисија, според која има услови за избори, изјави Николовски.

Според него, во континуитет од две години гледаме продолжување на деструктивна политика, политика на уништување и политика на „јас“.

-Политика во која на прво место се интересите на Зоран Заев, а на крај се граѓаните. Pолитичарите имаат право на избор и секогаш треба да работиме најпрво во интерес на граѓаните. Смислата на изборите е граѓаните да изберат кој ќе ги претставува нивните интереси, со што би се ставил крај на оние вештачки и дестуктивни барања. Граѓаните ќе го дадат сопствениот суд, вели Николовски.

Тој смета дека Заев е свесен дека се ближи крајот на неговата политичка кариера, но се надева дека разумните елементи и во СДСМ ќе надвладеат.

-По однос на анкетите расположението на е јасно, но не е предодредено, затоа постојат изборите на кои граѓаните ќе се одлучат за концепти и кандидати. Кризата е вештачки создадена и ќе заврши, а ние сме подготвени да разговараме и во Скопје и во Виена, истакна  Николовски.

 
 
20.04.2016 - 19:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега