Тројца загинати при пад на хеликоптер во Русија

Три лица загинаа, откако хеликоптер се урна во рускиот автономен округ Јамало-Ненецки, јави ТАСС. 

Локалните власти соопштија, дека луѓето кои биле во хеликоптерот загинале. 

Според руското Министерство за вонредни ситуации, три хеликоптери патувале од Коми кон островот Белиј, но дека кога се доближиле до островот времето се влошило. 

Еден од хеликоптерите тргнал да го провери реонот, а другите два се упатиле кон местото Сабета. По доцна, хеликоптерот кој тргнал во обиколка, се урнал.

 
 
19.04.2016 - 09:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега