Лекција по патриотизам од Бо Мекејлеб - крв и пот за македонскиот дрес

Претстојното Европско првенство во кошарка, кое ќе се одржи во септември во Словенија ќе биде карактеристично по многуте откажувања. Шпанија, Словенија, Србија, Франција, Хрватска, Русија се само дел од селекциите кои останаа без планираниот ростер.

Многу играчи своето учество го откажаа поради повреди, а многу од нив поради замор и потребата за одмор од напорните сезони. Голем дел од нив повеќе сакаат да се одмораат, отколку да ги бранат националните боит.

-Најлошиот пример е словенечкиот плејмејкер Бено Удрих кој преку смс порака го откажа учеството, иако пред само неколку месеци изрази желба да игра за својата земја, пишува „Ало“.

Сепак, овој портал пишува дека ова бил најлошото можно откажување, но најубавиот пример е оној кој го даде Лестер Бо Мекејлеб.

-Некогашната прва виолина на Партизан, а денеска ударна игла на Фенербахче Улкер, константно позитивно одговара на повиците од Скопје и го поти дресот, а неретко ќе го натопи и со крв, сето тоа поради докажување, иако тој веќе нема потреба никому ништо да докажува, особено не како личност и како кошаркар.

Но, факт е дека Американецот од Њу Орлеанс има повеќе чувства кон Македонија, отколку Виктор Кријапа кон Русија или Милан Мачван кон Србија, пишува во текстот на порталот „Ало“.

најчитано сега