Продолжуваат разговорите за имплементација на договорот меѓу Белград и Приштина

 

Во Брисел денеска продолжуваат разговорите меѓу тимовите на Белград и Приштина за имплементација на договорот за нормализација на односите меѓу Србија и Косово.

Белградскиот тим е предводен од советникот на српскиот претседател Тмислав Николиќ, Марко Ѓуриќ, додека шеф на приштинската делегација е косовскиот вицепремиер Хајредин Кучи.

Договорот кој минатата недела го потпишаа српскиот премиер Ивица Дачиќ и неговиот косовски колега Хашим Тачи предвидува широки овластувања за заедницата на српските општини на Косово, посебно кога станува збор за судството и полицијата.

Српската Влада во понеделникот се согласи со потпишаниот текст од предлог-договорот со Приштина, а за денеска е закажана седница на Парламентот на која пратениците ќе го разгледаат владиниот извештај за досегашниот процес на политичкиот и техничкиот дијалог со Приштина, чиј составен дел е и предложениот договор. 

најчитано сега