Собранието ги усвои измените и дополнувањата на Законот за градење
Собранието на Република Македонија попладнево во рамки на 98. седница го донесе Законот за изменување и дополнување на Законот за градење.
Томислав Тунтев од СДСМ рече дека Законот за градење досега е еден од најизменуваните закони. Тој додаде дека СДСМ поднел амандман во однос на овој Закон со кој бара плажите и другите придружни објекти да бидат ставени во втората категорија, односно како објекти за кои е потреба за дозвола но, како што додаде владејчкото мнозинство не го прифатило овој амандман.
Собранието без расправа ги донесе Законот за дополнување на Законот за јавните патишта и Законот за изменување на Законот за сигурност во железничкиот систем.
Пратениците со 55 гласа „за“ и 11 против го донесоа и Законот за изменување и дополнување на Законот за превоз во патниот сообраќај.
Томислав Тунтев од СДСМ рече дека има забелешка бидејќи овој Закон се носи по скратена постапка, а се работи за есенцијални измени и оти за дел од овие измени не е потребна само парламентарна, туку и јавна расправа.
Пратениците почна расправа по Дополнетиот предлог на закон за нотаријатот, но седницата беше прекината од претседателот на Парламентот Трајко Вељаноски кој даде кратка пауза.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа