Малолетник брутално избоден во продавница

 

Полицијата од Нови Пазар го уапсила Р.Х. (27) бидејќи изреволтиран избодел малолетник К. Х. (17) со нож, кој работел во семејна продавница.

Според изјавата на прободеното момче, уапсениот влегол во продавницата и купил неколку продукти. Меѓутоа, кога излегувал, удрил со главата во вратата. Бесен поради својата непретпазливост, почнал да удира по вратата.

- Малолетникот го замолил да не го прави тоа, тој уште повеќе се разбеснил, извадил нож и неколку пати го избодел по што избегал. Набрзо по кривичното дело е уапсен, објаснува наш соговорник.

Со тешки телесни повреди опасни по живот, малолетникот е пренесен во болница. Неговата состојба е стабилно, а Р. Х. ќе биде задржан во полиција.

 

 

 
 
30.03.2016 - 20:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега