Белгиско удбашче

Белгиецот ги помина сите можни граници на елементарна човекова култура обвинувајќи ги македонските граѓани кои застанаа пред Уставниот суд дека си ја продале слободата за 1.000 денари и сендвич.

Така, благодарение на нашите домашни подлизурковци и платеници кои за грст пари ги устоличуваат разноразните европски шарлатани во креатори на македонската политика, дојдовме до стадиум вакви отпадоци од здравиот разум да ни бидат некаков фактор. За да ни биде поразот поголем, лекции против курвалак не ни држи некој апостол од Библијата, туку европска ороспија која својата слобода си ја продала за 900 евра на ден. Иако за тие пари, веројатно, би ги добиле и Kарпов и Kаспаров заедно, плус Фишер, ако беше жив. Но, разликата меѓу оние што наводно се продале за 1.000 денари и Белгиецот не е во тоа дали е некој курва, а друг не, туку во цената. Настрана тоа што Ван Хут ни говори за слобода, а овде стана ортак со комуњарско-удбашките структури чиј ментален склоп очигледно него прилично му пасува. Му легнува како што меѓусебно легнуваат запчаниците на швајцарски часовник. Така нашите удбашчиња добија свој лобист во ликот и делото на еден очигледно забеган шарлатан кој ни е испратен од Брисел да ни продава демократија. Во таа демократија, според овој хитлеровско-сталинистички изданок, немало место за оние што не се согласуваат со заземањето на Уставниот суд од страна на компанијата „Сорос“, но има место за оние другите. Во ред е ако сакаш да го урнеш судот, ама не е во ред ако не го сакаш тоа. Наоѓате место за зборот слобода во таа логика или не? Kако што на времето во ред беше ако ја сакаш единствената партија, ама не беше во ред ако не ја сакаш. Во ред беше ако премногу ја сакаш Југославија, но не беше во ред ако премногу ја сакаш и Македонија. Менталниот склоп е тој. Истиот.

Но, Белгиецот не е проблем. Проблем е што по 25 години од падот на комунизмот, од кои 14 години се владеење на ВМРО-ДПМНЕ, с` уште имаме релевантни домашни структури, сеедно што зад нив стојат западни пари, чие општествено ниво не отишло подалеку од системот на ЦK од 1945 година. Тие структури им го создаваат тлото на вакви егземплари, тие структури ним им постилаат црвен тепих. Во спротивно, Македонија, сеедно кој како во неа гледа на тоа што се случува, сеедно кој е за Заев, кој за Груевски, ваквите како Белгиецот, по првиот гаф, ќе ги отфрлеше како туѓо тело и ќе го вратеше таму каде што по три збора изречени од него, веројатно би бил сместен во графата салфети кои по ниту една цена не смеат да се рециклираат. Оти така рециклирани го загадуваат општеството.

И, конечно, дали некој се продал за 1.000 денари или не е негова работа. Kако што само нивна работа беше кога оние што дремеа со шатори пред Владата минатото лето, за тоа исто така добиваа по некоја пара и сендвичи. Ниту едните ниту другите, ајван еден, не ќе умреа ако не беа пред Владата или пред Уставниот суд. Тие отидоа и на едното и на другото место пред с` затоа што така сакаат. Ама за некого ова очигледно е премногу тешко да го сфати. Kако што е премногу тешко да сфати и дека секоја негова порака само го зацврстува убедувањето кај стотици, илјадници Македонци, за кого треба да гласаат. Затоа, пуси кет не ги брани веќе опонентите на Груевски. А некој од твоите комуњарчиња нека ти го раскаже вицот за „немој чичко, не ме брани веќе“. За конечно да сфатиш нешто. Ако можеш.

Дарко ЈАНЕВСКИ

 

 

 
 
23.03.2016 - 11:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа