Иванов: Јанева да покаже минимум култура и почит кон институциите

 

Во однос на изнесените ставови од страна на Специјалната јавна обвинителка, Кабинетот на Претседателот на Република Македонија ја советува г-ѓа Катица Јанева пред да соопштува во јавноста какви било заклучоци во однос на легитимитетот на Претседателот, добро да се информира која година се одржаа претседателските избори.

Ја потсетуваме г-ѓа Јанева дека својот втор мандат претседателот Иванов го почна во2014 година, а не во 2013, 2012 или 2011 како што таа изјави, односно неговиот избор за Претседател на Република Македонија нема никаква врска со периодот од кога датираат наводните разговори врз основа на кои Специјалното јавно обвинителство ги покренува обвиненијата.

Со денешната изјава, г-ѓа Јанева го оспори и сопствениот легитимитет, бидејќи е избрана токму од, според неа, нелегитимното Собрание на Република Македонија, а сопствениот легитимитет го црпи од Законот за Специјалното обвинителство што е прогласен со указ потпишан од исто така,според нејзините тврдења, нелегитимниот Претседател.

Врз основа на ова, Кабинетот на Претседателот на Република Македонија, оценува дека тврдењата на г-ѓа Катица Јанева се неосновани и тенденциозни, и ја советува Специјалната јавна обвинителка, да покаже барем минимално ниво на култура и почит кон институцијата Претседател, и одговорност кон функцијата што ѝ е дадена.

 
 
22.03.2016 - 19:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега