ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ со деструктивно сценарио создава алиби за бегство од избори, нивно одложување или непризнавање на резултатите

 

Продолжува паниката на Бихаќка пред сигурниот пораз на изборите преку срамните пресметки на СДСМ со Уставниот суд, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение следува интегрален текст од реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

И понатаму на сила е деструктивното сценарио на СДСМ за создавање алиби за бегство од избори, за нивно одложување или непризнавање на резултатите.

За таа цел СДСМ преку своите експоненти во невладиниот сектор им се заканува на Уставните судии дека ќе ги влече за уши и ќе ги крева на клоци ако не ги следат директивите од Бихаќка. Незамисливо за било која цивилизирана демократска партија.

СДСМ сака да се врати времето кога за 15 минути избираше 617 судии и стотина обвинители. СДСМ сака тотална контрола над судството.

СДСМ за објективност и непристрасност треба да зборува со Наташа Габер Дамјановска, сестра на Виктор Габер несудениот министер за Надворешни работи од СДСМ. СДСМ за поврзаност на партијата со судскиот систем може да се информира и кај Гаврил Бубевски, десната рака на Катица Јанева и кумашин на Филип Медарски, кој пак е адвокат на аболицираниот криминалец Зоран Заев.

Мајката на Филип Медарски, Елица Медарска е Јавен Обвинител во Вишото Јавно Обвинителство во Скопје, а неговата сопруга Софија Медарска е судија во Основниот суд Скопје 2. СДСМ сонува за мултиплицирање на ваквите семејни врски блиски до СДСМ во судскиот систем.

СДСМ вршеше притисок врз Уставниот суд и во 2009 година но тогаш сакаше да ги поништи измените во законот за помилување кои тогаш ги предложи ВМРО-ДПМНЕ.

Денес организацијата без сопствен став „СДСМ 2016“ е ЗА измените во законот за помилување. Единствената разлика меѓу СДСМ 2009 и СДСМ 2016 е што тогаш претседател на Македонија беше Бранко Црвенковски кој имаше моќ да аболицира криминалци како Зоран Заев.

ВМРО-ДПМНЕ останува на истиот став околу Законот за помилување како и во 2009 година. СДСМ е партија која својот став го менува во зависнот од дневно партиските потреби.

СДСМ наместо најгрубо да врши притисок врз Уставниот суд, треба да признае дека губи на избори поради сопствената неспособност. Но СДСМ не го прави тоа туку го поларизира силно народот и го насочува кон рушење на институциите на државата и системот.

За СДСМ полесно е да се рушат институции, отколку да се излезе пред народот и да се побара мандат без манипулации и деструктивни сценарија, туку со идеи и проекти за развој на Македонија.

СДСМ не ја сака Македонија која оди напред, туку Македонија која е во пустош во каков што ја остави СДСМ.

Од ваквиот однос на СДСМ спрема институциите и државата се срамат сите граѓани на Македонија. Од деструкцијата на СДСМ последици трпат сите граѓани на Република Македонија.

Затоа казната за СДСМ доаѓа на 5-ти jуни кога граѓаните ќе им пресудат десетти пат по пред. Пресудата ќе биде правосилна и извршна.

 
 
22.03.2016 - 12:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега