Поповски на средби со граѓаните од Свети Николе
Денеска директорот на АВРМ Влатко Поповски беше во посета на Свети Николе.

Поповски имаше прилика да се сретне со пензионерите, со стопанствениците, а исто така граѓаните на Свети Николе имаа прилика да разговараат со него во терминот кој беше наменет за консултации во врска тековните потреби на граѓаните во Агенцијата за вработување на Република Македонија.
Тој истакна дека ваквиот начин на директен и непосреден контакт со граѓаните е неопходен и редовна практика на ВМРО-ДПМНЕ во изминативе години, бидејќи тоа е најдобриот начин да се изгради доверба помеѓу граѓаните и партиската структура, решавајќи им ги горливите проблеми кои што ги засегаат.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа