Каква е состојбата во Штип по врнежите?

Во штипскиот регион нема никакви штети, ниту излевање на реката Брегалница од своето корито низ населбите, соопшти денеска шефот на Кризниот штаб за општина Штип, Тоше Ѓеоргиев.

- Немаме проблеми ниту со бунарите од кои градот се снабдува со водата  за пиење, така да водата е за користење од водоводниот систем и е  хемиски и бактеролошки е исправна, рече Ѓеоргиев.

Во текот на викендот поставени се околу 3.000 вреќи со песок во населбата „Ново село“, која е најкритичната точка во градот Штип од можно излевање на реката Брегалница.  

- Будно ја следиме состојбата со водостојот на сите реки во општината. Ова го правиме во координација со Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување, вели Ѓеоргиев.

Во Лакавичкиот регион и покрај врнежите од дожд нема излевање на реката Лакавица, низ која се испушта водата од акумулацијата Мантово. 

 
 
14.03.2016 - 12:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега