Сопругата на Бата собра храброст да му каже за смртта на неговиот другар - еве како се прости од актерот

Велимир Бата Живојиновиќ се огласи на социјалните мрежи по смртта на неговиот пријател и колега Драган Николиќ.
 
Познато е дека Инстаграм профилот на Бата го води неговата внука, која пишува и објавува по желба на нејзиниот дедо.
 
Овој пат актерот посака на емотивен начин да се прости од својот пријател па на социјалната мрежа објави фотографија од серијата „Чардак“ и напиша:
 
„Белград никогаш нема да биде ист без тебе. Почивај во мир мој брате, мој мал принц.“.
 
Серијата беше снимена во далечната 1978-ма година, а актерот на овој начин се поздрави со Драган.
 
 
11.03.2016 - 16:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега