Во недела се отвара скопскиот Аква парк - за посетителите ќе се грижат лиценцирани спасувачи

Генералниот секретар на Црвениот крст на Република Македонија Саит Саити и директорот на Спортскиот центар „Борис Трајковски“ Ратко Кпушевски денеска потпишаа Меморандум за соработка. Со меморандумот 34 лица ќе се грижат за посетителите на скопскиот Аква парк.

Саити информира дека од сите пријавени се направила добра селекција. - Спасувачите се подготвени од недела да си ги заземат своите места во Аква паркот, рече Саити.

Тој информира дека Црвениот крст е единствен субјект кој е овластен, има капацитети и потенцијали во одржување и спроведување на обуките за спасување на вода. Ова како што рече, произлегува од нашето членување во Меѓународната федерација за спасители  на вода. Во моментов во Македонија има Центар за спасување на вода во Скопје, специјализиран за базени и Центарот за спасување во Охрид, специјализиран за отворени води.

Инаку, Аква-паркот се отвара во недела и ќе биде вистинско место за забава и дружење. За дечињата до 4 години влезот е слободен, а за останатите карта е 350 денари.

ФОТО: Засе.мк

 

најчитано сега