Николоски: Привлекуваме нови инвестиции во туризмот, здравството, енергетиката

Имаме развиено готови проекти, нешто што претходните влади го немале. Работиме на нови инвестиции во инфраструктурата, туризмот здравството и енергетиката. Силниот инвестициски циклус е опфатен во три компоненти, објасни вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во вечерашната емисија “360 степени”
“ Имаме силен инвестициски циклус кој доаѓа во рамки на буџетот. Тоа се проектите на коридор 8 и 10 д што ги работиме со Бехтел и Енка. Тука се проектите во Железница каде пуштивме една фаза, втората ја работиме и ако се договориме со Бугарија ќе ја работиме и третата фаза. Тука е автопатот Кичево -Охрид каде што очекувам крај на јуни, почетокот на јули да ги пуштиме првите 40 км, а в година да го завршиме и тоа е едниот дел.
Вториот дел е дека работиме на еден инвестициски циклус од 500 милиони евра до една милијарда евра кои што ќе одат директно во патишта преку комбинирано финансирање.
И третиот дел е она што се случи во Обединетите Арапски Емирати и не е тајна дека посетата беше главно заради претставување на можностите за инвестиции и привлекување на финансиски средства. Тука има и еден политички момент со визното ослободување. Но економијата беше основната цел и јавноста треба да е свесна дека со војната во Украина и трговската војна меѓу ЕУ и САД, европските пари стануваат скапи. Не е исто со каква каматна стапка ќе ги добиете кредитите и дали е таа фиксна или променлива”- истакна вицепремиерот Николоски.
Во однос на постета на Обединетото Кралство, тој потенцираше дека постета била политичка, но дека не се исклучува можноста да се потпишат договори за стратешко партнерство.
“ Тоа што во моментов на Македoнијa е важно е да обезбеди финансирање кое буџетот ќе може да го издржи, ќе значи раст на БДП и нема да ги оптерети идните генерации и тоа е тоа што го работиме. Дали Обединетите Арапски Емирати имаат подобри услови за финанисирање од поголем број на европски држави, би рекол да”- рече вицепремиерот Николоски.
Тој потенцира дека е економските политики се во целосна корелација со министерката за финансии.
28.04.2025 - 20:56
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа