Општина Прилеп до СДСМ: На ваше разочарување, се остваруваат голем број проекти

 

Денешниот прес е уште еден показател за Вашата безидејност и потврдува дека проектите кои ги ветува градоначалникот Марјан Ристески во сите досегашни негови мандати и ги реализира, реагираат од општина Прилеп до СДСМ.

Во продолжение следува интегрален текст од реакцијата

Дали веќе еднаш ќе имате доблест да пофалите проект реализиран за доброто на нашите сограѓани?

Очигледно е дека Вие не верувате во реализација на ниту еден проект!

На Ваше разочарување се остварија

-нови пет плоштади, неможете да ги негирате – Постојат!

– постојат и новите цветни патеки.

-Реализирани се толку проекти што Вие не можете да ги доброите

-Не верувавте ниту за Участакот, ниту за инвестициите во образованието, ниту за новите спортски сали, ниту за новото парно греење во ОУ „Кире Гаврилоски Јане,

-ниту за манастирот „Арханѓел Михаил“  кој сега е со нови конаци.

-До манастирот „Трескавец“ и Вие одите по нов асвалтен пат

-Не верувавте за Пречистителната станица, но и тоа се реализира,

Нема потреба повеќе да Ви набројуваме, ние ќе имаме доблест да Ве поканиме да присуствувате на почетокот на градежните активности за мостовите кои ги споменувате, а Вие барем еднаш имајте храброст и бидете сведоци на уште еден во низата успешно реализирани проекти на Општина Прилеп.

 

 
 
04.03.2016 - 15:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега