Тага и болка: Ова е детето кое беше прегазено - бесните граѓани излегоа на улиците
Повеќе од стотина лица, ученици и граѓани на Србија излегоа денеска на улиците да протестираат против возачите кои возат без контрола и носат животи. ова следува по кобната несреќа во саботата кога беше прегазено 12-годишно девојче на пешачки премин во Блаце, по што возачот заминал од местото на несреќата како ништо да не се случило.
Се работи за 12-годишната Наде Богичевиќ која го загуби животот во страшна сообраќајна несреќа. Нејзините родители ја чекале 15 години, а несовесен пијан возач кој летал на улицата, и го одзел животот, иако таа според сите правила си поминувала на пешачки премин.
Според неофицијалните податоци на српските медиуми, несреќното девојче го прегазил 21-годишниот Никола Б.
Брзата помош веднаш пристигнала на местото на настанот, но малото дете подлегнало на повредите.
Голема трагедија. Нека почива во мир!
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа