Трајче Георгиев се подготвува да го освои светот

Младиот струмичанец Трајче Георгиев кој регионалната публика го запозна преку одличното претставување на „Пинкови ѕвездички“, периодов го чека голем музички предизвик. 

Имено, Трајче доби покана да учествува на „World’s Best Song“ во Лос Анџелес, кој воедно е катапулт за талентираните млади учесници кои да стекнат светска популарност.

Бидејќи е во почетоците како пејач, Трајче сепак цели кон градење на кариерата најпрво во региот, а потоа и пошироко.

-Се подготвувам за Лос Анџелес и фестивалот за најдобра песна. Веќе се работи на песната и се надевам дека сè ќе помине како што треба. Фестивалот ќе се одржи на 9 и 10 септември, а потоа уште малку ќе останам во Америка“, изјавува Трајче за „Пинк“.

Реалното музичко шоу „Пинкови ѕвездички“ му донесе комплетна промена во животот, стекна армија млади обожаватели и ги воодушеви членовите на жирито со својот силен и впечатлив вокал, а веруваме дека истото ќе го направи и во Лос Анџелес.

 

 
 
25.02.2016 - 22:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега