90 рудари заробени под земја во Русија

Во рудникот за јаглен во градот Воркут на рускиот Арктик денеска се случи несреќа и поради одрони заробени останаа 90 рудари, соопшти регионалниот огранок на руското Министерство за вонредни ситуации.

- Евакуацијата е во тек, се наведува во соопштението, јави ТАСС. 

Засега нема информации дали некој е повреден во оваа несреќа.

- Одроните во рудникот се пријавени околу 15 часот по московско време (13 часот според средноевропско време). Можно е во рудникот моментално да се наоѓаат околу 90 луѓе. Во тек е нивно извлекување на површината, соопшти Министерството.

Рудникот Севернаја е во сопственост на рударската компанија „Воркутаугол“.

 
 
25.02.2016 - 14:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега