"Сигурна сум дека поминавме на Зелено": Судење за Фросина која беше прегазена кај Универзална

Започна судењето за трагедијата која ја потресе Македонија. Студентката од Куманово, Драгана Стојановска, раскажа за моментот во кој беше усмртена 20-годишната студентка Фросина Цековска од Крива Паланка.

- Кога стасавме до пешачкиот забележавме автомобил како се движи со огромна брзина кон нас. Стаса и ја удри Фросе, таа летна во воздухот. Возачот продолжи да вози, кажа девојчето во Судницата, пренесе Дневник.

По сведочењето, судијата Илија Трпков сакал да закаже ново рочиште, но студентките кои треба да сведочат во тој период во март имале колоквиуми. 

Мајката на младата Фросина, со нејзина фотографија во рацете и солзи во очите го следела судењето, а потоа станала и побарала се да биде решено побрзо. - Ја пратив ќерката во Скопје да учи да биде наша гордост, со примања од 10.000, а веќе цела година ја нема. Обвинетиот е уште на слобода, вели растревожената мајка.

Тој пак од друга страна изјави дека не се чувствува виновен за делата за кои се товари: - Не сум виновен, јас сум убеден дека поминав на зелено светло на семафорот, изјави обвинетиот Љубиша Видојковиќ.

Како што пишува Дневник, сопственикот на Хонда кој бил со обвинетиот, вели дека пред трагедијата пиеле. Тој испил пиво, обвинетиот ракија, а кога возеле виделе дека е зелен бран.

Инаку, според досегашните наоди, Љубиша бил пијан кога ја прегазил студентката.

Несреќата се случи на трети април минатата година кај Универзалната сала во Скопје. Возачот ја прегази младата девојка, па избега од местото на несреќата.

Повеќе на Дневник

 

 
 
25.02.2016 - 09:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега