ЕВН најави исклучувања во повеќе скопски населби - еве каде ќе бидат нивните екипи утре

Од 7.30 до 17 часот утре без електрична енергија ќе бидат корисниците од селата Грачани, Кучково, Велеполе и Чашка во општина Ѓорче Петров и селото Кондово, општина Сарај.

Во периодот од 8 до 15 часот без струја ќе бидат корисниците од булеварот „Климент Охридски“ бр. 60, кафе „Мамас“ и туристичка агенција во општина Центар.

Од 8.30 до 12.30 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од улицата „Финска“ спроти пазар Маџари во општина Гази Баба, а од 8.30 до 13.30 часот објектот на ресторанот „Фестина“, како и дел од корисниците од булеварите „Методија Митевски“, „Македонско-косовска бригада“ и „Босна и Херцеговина“ во општина Чаир. 

Без струја од 9 до 10 часот ќе останат корисниците од улицата „Божидар Аџија“ бр.18/1 и 18/2 во општина Кисела Вода, а од 9 до 11 часот корисниците од улиците „Будимпештанска“ и „Љубица Георгиева“ во општина Карпош. 

Од 9 до 13 часот без струја ќе бидат корисниците од село Горно Нерези, а од 9 до 14.30 часот корисниците од реон Гази Баба, спроти Јаја Пашината Џамија. Од 9.30 до 14 часот без струја ќе бидат корисниците од улиците „Нов живот“ и „Виничка“ во општина Шуто Оризари, а од 9.30 до 15 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „Лука Геров“ – подулици бр.2, 4 и 6 во општина Ѓорче Петров. 

Во временскиот период од 11 до 13 часот без струја ќе бидат дел од жителите од улицата „1520“ и дел од населбата Пинтија во општина Кисела Вода. 

Како што информира РЦУК-Скопје, прекините се заради инвестиции во електросистемот

 
 
23.02.2016 - 11:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега