ЕКСПЕРТИТЕ ВО ШОК: Џихадистите користат хемиско оружје, сите се прашуваат од каде им е

Борците од Исламска држава минатата година курдските сили ги нападнаа со иперит, хемиско оружје кое на просторите на Ирак се нема користено уште од времето на Садам Хусеин.

Оваа вест стигнува од дипломатски извори откако од Организацијата за забрана на хемиско оружје, со лабараториски тестови докажаа дека Џихадистите користеле опасни супстанци. Тестовите се направени откако на Курдските војници  им се слошило во текот на борбата со милитантите на ИСИС недалеку од Ербил.

Од агенцијата одбија да потврдат дека е ова вистина, но анонимен извор за Ројтерс изјавил дека токму тие се главни виновници. Ова е прв случај на користење иперит во Ирак, а во Сирија идентична состојба имаше и минатата година.

Меѓутоа, сега се поставува како Џихадистите воопшто дошле до хемиско оружје, затоа што залихите на истото на Садам Хусеин се уништени за време на Американската окупација. Кога сме пак кај Сирија, ситуацијата е слична- целото хемиско оружје е под меѓународна контрола после нападот со сарин на предградије на Дамаск во 2013 година, за кој се верува дека е изведен од страна на војската на Ал Асад.

Експертите веруваат дека постојат само две можности- или иперитот е украден од непријавени залихи на војската на Сирија или има можност Џихадистите сами да го произвеле.

Иперит иначе е хемиско оружје кое било користено уште во Првата светска војна и предизвикува трајни оштетувања на очите, кожата, плуќата...

 

 

 
 
15.02.2016 - 21:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега