ФОТО: Царината му нашла полн камион вијагра
125.684 парчиња разни производи, откриени се од страна на мобилните царински тимови, при контрола на товарно возило со македонски регистарски таблички управувано од македонски државјанин, информира Царината. Возилото било сопрено на наплатна станица Романовце, и откако при визуелен преглед било констатирано дека во товарниот дел има стока од трговски карактер за која возачот не поседувал документ за платени царински давачки, извршен е детален преглед и привремено задржани се 120.000 жилети, 1.200 запалки, 1.100 кесички камагра, 23 килограми маџун, 47 килограми мед, 722 парфеми и 89 тоалетни води. За сторениот царински прекршок, против возачот ќе биде поведена прекршочна постапка.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа