Детали за земјотресот: Епицентарот на рид во близина на скопскиот Аеродром
Земјотрес со локална магнитуда од 3.4 Рихтерови степени со епицентар во скопското подрачје ноќеска во 2.02 часот регистрирала Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет.
-Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од населението на градот Скопје и околината, со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала, информираше Сеизмолошката опсерваторија
Според достапните податоци, епицентарот е лоциран во близина ан скопскиот аеродром и селото Горно Коњари, поточно во ридот на ова село во општината Петровец на длабочина од 10 километри.
Очекувано, земјотресот повеќе е почувствуван од скопјани кои живеат во источниот дел на градот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа