Важно! - За сите што сакаат да одат во Грција

Граничните премини Богородица и Меџитлија на македонско-грчката граница денеска во различни временски интервали ќе бидат затворени за сообраќај.

Од 10 до 12 часот ќе биде блокиран граничниот премин Богордица од страна на такси превозниците и автобусите од Здружението на лиценцирани авто-такси превозници кои најавуваат дека ќе протестираат секој ден по два часа се додека не добијат одговор од надлежните институции дали ќе бидат вклучени во транспортот на мигрантите од Гевгелија кон Табановце.

Од друга страна, од 10 до 13 часот ќе биде во целосен прекин сообраќајот на граничниот премин Меџитлија поради штрајкот на грчките земјоделци.

 
 
15.02.2016 - 11:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега