Важеше за една од најсексипилните жени во светот, погледнете како изгелда денеска

- Една од најголемите холивудски дами, оскаровката Софија Лорен (81) изгледа како од рекламите. Во тоа се уверени водечките луѓе на познатата модна куќа Долче и Габана, кои на убавата Софија и дадоа улога во новата реклама за овој италијански бренд. 

Долче и Габана сакаат да нагласат дека се безвременски и никогаш не излегуваат од мода, а никој тоа не може подобро да го претстави од една од најголемите холивудски ѕвезди на 50-тите. Актерката, која снимала со великаните на филмот Кери Грант, Клерк Гебл и Марчело Мастројани, се уште зрачи.

- Вакво нешто се уште може да се случи. На некој начин, јас сум севременска и многу ми се допаѓа што се уште можам да работам. Сето тоа ми е интересно, изјави Лорен за италијанскиот весник „Кориер дела Сера“.

Режијата за новиот спот ја потпишува италијанскиот режисер Џузепе Торнаторе, кој го режираше и Кино Парадисо, музиката за спотот е на Енио Мориконе, познат и по филмот „Беше еднаш на Дивиот запад“.

Пред овој спот, познатата актерка се најде и во кампањата на Долче и Габана, Софија Лорен Бр.1  кармин за усни.

 
 
15.02.2016 - 10:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега