Ставрески: По економски раст, Македонија повторно ќе биде меѓу најдобрите во Европа

Трибина посветена на економијата, инфраструктурата и претриемништвото одржа поладнево ВМРО-ДПМНЕ на која претседателот на партијата Никола Груевски и министрите за финансии и за транспорт и врски, Зоран Ставрески и Владо Мисајловски, се осврнаа на политиките, проектите и реформите во изминатите години со кои државата успеала да помине со полесни последици во светската криза и европската должничка криза

Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески рече дека претприемништвото е потенцијалот и ’рбетен столб за динамичните економии и дека преку 85 отсто од новите работни места во Европа денес се креираат преку  малите и средните претпријатија. Посочи три апсекти на претприемништвото – се креираат нови бизниси (како на пример ИТ-секторот), се креира ново богатство и се креираат промени во социјалното живеење.

Ставрески рече дека Македонија во изминатите години добро се справила со предизвиците и има остварено стапки на раст кои се меѓу највисоките во Европа.

– И во 2015 година стапката на раст на македонската економија ќе биде околу 3,5 проценти, што е меѓу 5-6 највисоки стапки на раст во Европа. Секоја година во континуитет го остваруваме тоа, што покажува дека нешто правилно работиме и дека правилно се поставени економските политики, истакна Ставрески.

 
 
12.02.2016 - 18:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега