Средба Груевски-Тајани: Надминување на политичката криза во најкус можен рок

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денес оствари средба со потпретседателот на Европскиот парламент и потпретседател на Европската Народна Партија Антонио Тајани.

Двајцата соговорници, информираат од владејачката партија, дискутирале за исполнување на стратешките цели  во насокa на исполнување на евроатланските интегративни процеси, актуелната политичка состојба и разгледување на можностите за интензивирана соработка.

Sredba Gruevski (2)

-Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ подвлече дека стратешка цел и врвен приоритет останува членството во Европската Унија и членството во НАТО. Груевски го запозна соговорникот со актуелната политичка состојба при што истакна дека изборите на 24 април  се потребни за излез од политичката криза, а воедно од врвен приоритет за ВМРО-ДПМНЕ е тие да се фер и демократски. Тој истакна дека воспоставувањето на стабилна влада е потребна за продолжување на мерките и аткивностите кои се во насока на гарантирање на економскиот развој и подобар животен стандард.  Потретседателот на Европскиот парламент и потпретседател на Европската Народна Партија Антонио Тајани изрази поддршка на интеграциските процеси на државата, и членството на Македонија во Европската Унијa, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Sredba Gruevski (3)

Тој изрази уверување за побрзо надминување на политичката криза преку реализација на избори во што е можно покус рок и добивање на стабилна влада која ќе продолжи со отпочнатите процеси, и соочи со глобалните предизвици поврзани со мигрантската криза.

Sredba Gruevski (5)

Соговорниците изразија заложба за продолжување на соработката и во рамките на Европската Народна Партија која ја подржува ВМРО-ДПМНЕ.

 
 
12.02.2016 - 17:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега