ВИДЕО: Се урнаа две згради во центарот на Истанбул

Во центарот на Истанбул денеска се урнаа две згради,од кои едната е петокатница, а локалната власт соопшти дека се верува дека нема повредени, пренесува Танјуг.

Претходно турските медиуми јавија дека се урнала петокатница и оти има стравување дека има заробени под урнатините. Гувернерот на Истанбул, Васип Сахин изјави дека верува дека нема жртви ниту повредени во несреќата.

Зградите се урнале во улицата која се наоѓа во близина на пешачката зона и шопинг-центарот во населбата Таксим. Турски медиуми соопштија дека горните катови од петкатницата биле пансион, додека на самиот влез на зградата имало кафуле.

Засега не се знае причината за несреќата. На местото на инцидентот пристигнаа голем број полициски возила, пожарникари и возила на брза помош кои во моментот проверуваат дали под урнатините има затрупани луѓе. 

 
 
12.02.2016 - 16:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега