ФОТО: Нов сообраќаен знак – внимавајте на…

Најчесто сме задлабочени во своите мобилни телефони и не обрнуваме внимание на околината околу нас.

Модерната технологија целосно ги преплави нашите животи. Ретко кој го остава телефонот од рака, бар на 5 минути. Благодарение на постојаната потреба од модерната технологија, често забораваме да погледнеме што се случува околу нас.

Швеѓаните решиле да се пошегуваат и на иновативен начин да ја подигнат свеста на луѓето кои постојано зјапаат во своите телефони.

Така во Стокхолм, се појави еден сообраќаен знак. Знак за опасност. Наидување на пешаци кои зјапаат во своите мобилни.

 
 
12.02.2016 - 15:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега