Петковски ќе поднесе жалба - пресудата за тужбата од Груевски била срамна

 

Тито Петковски, лидерот на НСДП најави дека ќе поднесе жалба за пресудата на Основниот суд 2 дека треба да плати казна од 650 илјади денари за навреда и клеветење на претседателот на владата на Македонија, Никола Груевски.

Денеска на прес-конференција Петковски изјави дека спорот не би го изгубил доколку судот одлучува независно.  - Спорот немаше да го изгубам ако се применуваа законските акти. Овој судија се потресе кога го виде премиерот, односно тој што тужи. Ако го прочитал и разгледал законот немаше шанса да изрече надомест на штета, рече Петковски.

Петковски најави дека за случајот ќе ги извести претставништвото на ОБСЕ во Македонија, како и амбасадорот на Европската комисија.

ФОТО: Идивиди

најчитано сега