ФОТО: Баба носела лажна брада за да си го види внукот

Полицијата во Ајова, САД, ја уапсила бабата во училиштето каде што учел нејзиниот внук

Баба Глорија била очајна да го види својот внук. Таа не можела да го посетува внукот откако се развеле неговите родители.

66 годишната баба ставила вештачка брада и се облекла како маж и влегла во кафитеријата каде што го нашла својот внук како јаде. Таа му дала неколку колачиња и играчка на својот внук пред да ја извади својата “маска“.

Таа била пријавена од вработените во кафетеријата и била уапсена.

Против неа е поднесено обвининие бидејќи имала забрана за гледање на својот внук.

Поради овој инцидент мајката на детето побарала и полициска заштита на своето дете.

 
 
08.02.2016 - 14:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега