Металург ќе се бори со Пик Сегед за влез во ЛШ

Македонскиот ракометен клуб Металург во обид да избори учество во Лигата на шампиони ќе мора да одигра двомеч против унгарскиот претставник Пик Сегед. Така одлучи ЕХФ по откажувањето од елитното натпреварување на шпанскиот Атлетико Мадрид. Првиот меч ќе се игра на 28 август во Скопје, додека реваншот е закажан на 1 септември во Сегед. 

Победникот од овој двомеч ќе игра во групата Ц заедно со македонскиот шампион Вардар, Барселона, Тун, ПСЖ и еден квалификант.