Зголемена услужноста на вработените во јавната администрација
Зголемена е услужноста на вработените во јавната администрација кон даночните обврзници, покажуваат резултатите од анкетите спроведени од Министерството за информатичко општество и администрација во рамки на проектот „Таен клиент“.
Денеска министерот за информатичко општество Иво Ивановски истакна дека резултатите од анкетите ќе бидат објавени наскоро по што ќе се знае кои институции пружаат најдобри услуги.
Според министерот Ивановски за разлика од годините претходно, оваа година се покажува огромен напредок.
ФОТО: Алфа