Македонија се почесто мета на глобалните индустриски гиганти

Слободен пристап до пазар од 650 милиони потрошувачи и земја со најниска ефективна стапка на даноци во светот од 7,4 % . Овој факт е главната причина која привлече многу инвеститори во последниве 10-тина години да дојдат и да инвестираат неколку стотици милиони евра во ТИРЗ – овите ширум државата, ако на сето ова се додат  и поволностите кои државта дополнително им ги нуди на инвеститорите во зоните како што се: Ослободување на инвеститорот од плаќање на персонален данокот на доход и данокот на добивка во период  од 10 години, ослободување од  плаќање на ДДВ и царински давачки, државата се рангира во најповолните места за инвестирање на планетата.

Дополнително доаѓањето на компании како Џонсон Контролс, Џонсон Мети, Ванхул, Технокозе, Меркарт, Кемет електроникс и многу други, на Македонија и донесоа врвна технологија и начини на производство неприменувани во Македонија до сега , со што  нашите работниците се здобија со врвно знаење како своите колеги било каде во развиениот свет.

Сведоштво за добрата бизнис клима се вторите и трети инвестиции на компаниите кои еднаш инвестирале па своите инвестиции ги повториле, такви се: Џонсон Контролс, Џонсон Мети, Технокозе. Дополнително ова претставува поттик за многу други компании и нивни бизнис партнери  уште поинтензивно да влегуваат во нашата држава.

Истите олеснувања се достапни и за домашните компании кои ќе се одлучат да инвестираат и отворат свој капацитет  во ТИРЗ -овите низ државата, а производот што го произведуваат да биде наменет за извоз. Со оваа мерка директно се потикнуваат домашните компании да се шират и да освојуваат нови странски пазари.

Ваквите поволности веднаш почнаа да ги препознаваат некој од компаниите, па две македонски компании најавија дека ќе градат фабрики за автомобилски делови и електроника во Бунарџик. Но домашните компании не запираат тука, па штипска ”Актива”  стана производител на шасии за автобуси на белгиска ”Ванхул”. Дека квалитетот на производите на македонските компании е препознаен, доказ е компанија од Кочани која стана глобален добавувач на Џонсон Мети за големи тенкови за чување на сите хемикалии кои ги користи компанијата, оваа зделка е со дополнителна тежина ако знаеме дека Џонсон Мети е компанија со годишен профит од над 440  милиони фунти и 12 000 вработени.

Сево ова ја пласира Македонија како земја која својата иднина ја гледа помеѓу напредните светски економии, решена да го фати чекорот на новото време, застанувајќи рамо до рамо со развиените земји.

 
 
03.02.2016 - 16:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега