ЕВН најави исклучување за утре во Скопје: На овие места ќе бидат нивните екипи
Од 06:15 до 08:15 часот утре без струја ќе бидат дел од корисниците од ул. „Скупи“ - лоцирани околу влезот кај болницата Бардовци, и корисниците од ул. „Скупи“ крак 22. во општина Карпош.
Во периодот од 08:00 до 10:30 часот без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од ул. „Лисец“ пред пругите кај Хемтекс во општина Аеродром, а од 09:00 до 11:30 часот, корисниците од ул. „Михаил Чаков“ бр.100 и бр.102 во општина Кисела Вода.
Од 09:00 до 13:00 часот без струја ќе бидат корисниците од село Мирковци во општина Чучер Сандево, од 09:00 до 14:30 часот, корисниците од реон Гази Баба во општина Гази Баба, а од 10:00 до 13:00 часот корисниците од бул. „Александар Македонски“ во општина Гази Баба.
Без струја од 10:30 до 12:30 часот ќе останат корисниците од ул. „Божин Николов“ во општина Аеродром, а од 12:00 до 14:00 часот корисниците од ул. „Козјак“ бр.3, бр.27а и 27б, бр.29а и 29б во општина Кисела Вода.
Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекините се поради технички зафати во електросистемот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа