На некој ќе му се скрши срцето, на некој ќе му пукне филмот: Дневен хороскоп
Погледнете што ви порачуваат ѕвездите за денеска.
ОВЕН
Во кариерата немојте да дозволите некој да ги поколеба вашите натпреварувачки способности. Во љубовта се обидувате да прикриете како се чувствувата пред саканата личност, но не успевате. Во здравјето ќе имате повисока напнатост.
БИК
Во кариерата ќе видите дали некој е дволичен со вас. Не се оптеретувајте. Во љубовта нештата кои ви изгледаат вам добро и доверливо, партнерот ќе ги прифати со доза на несигурност. За добро здравје, повеќе одмарајте.
БЛИЗНАЦИ
Во кариерата сте исполнети со оптимизам и нови идеи. Партнерот во љубовта очекува повеќе внимание. Здравјето ви е добро.
РАК
Претерувате со своите барања кон колегите. Опуштете се малку. Во љубовта ќе имате недоразбирања. Добро се чувствувате.
ЛАВ
За да заборавите на личните проблеми, прифатете соработка. Опуштете се во љубовта, нема потреба да не ги покажете емоциите. Ќе имате проблеми со синусите.
ДЕВИЦА
Делувате нетактично во професионалната околина. Во љубовта размислувате за личност која не е во вашиот домет. Внимавајте на поврди.
ВАГА
Сакате да создадете ред на работното место, но не ви оди, погрешно сте толкувани. Во љубовта ви смета монотонијата од партнерот. Здравјето ви е супер.
ШКОРПИЈА
Ќе се истакнете на работа. Ќе прифатите нечија игра во љубовта. Потребна ви е релаксација.
СТРЕЛЕЦ
Во кариерата на соработниците им делувате шармантно. Потребно ви е да разбудите емоции во саканата личност. Здравјето ви е супер.
ЈАРЕЦ
Во кариерата не ви оди се од рака. Ни во љубовта периодов не ви е сјајно, дајте си време. Чувајте се од настинки.
ВОДОЛИЈА
Во кариерата ќе ви биде тешко да признаете пораз. Не правете драми во љубовта без потреба. Добро ви е здравјето.
РИБИ
Бидете промислени и вложете се во бизнисот. Ви пречи еуфоријата на партнерот. Здравјето ви е супер.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа